Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Секој производ, секоја цена под лупа на инспекторите. Се проверуваат над 600…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој производ, секоја цена под лупа на инспекторите. Се проверуваат над 600 артикли за да се утврди дали маркетите незакоснки ги поскапуваат. Министрот за економија вели дека Владата постојано презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и нема да дозволи изигрување на правилата.

„Ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена. Зависи од работата на Пазарната инспекција, но претпоставувам дека за еден месец ќе биде завршена. За поконкретно треба да видиме, откога ќе почнат тие контроли, колкав е обемот на работа за контрола на една или две фактури па на крај да ја известиме јавноста кој е тој датум или колку време ќе треба за контрола“, изјави Бесар Дурмиши, министерот за економија.

Бесар Дурмиши во отчетот за сработеното во изминативе две години, меѓу другото, истакна и се обезбедени околу 20 милиони евра за финансикса поддршка на инвестициите, а дека со мерките за самовработување биле опфатени над 10 илјади луѓе кои добиле вкупна поддршка од речиси 40 милиони евра.

Реклама

„Особено висок степен на реализација имаат мерките за самовработување, практиканство, преквалификација ии поддршка на нови работни места. Еден од најзначајните резултати е успешната имплементација на гаранцијата за млади. Во овој период 26.636 млади луѓе излегоа од статусот на невработени, преку вработување, образование или активни мерки.“, изјави Дурмиши.

Мапирани се 100 административни постапки кои постепено ќе бидат поедноставени и скратени, со цел да се олеснат процедурите за граѓаните и компаниите кои воедно се дел и од реформската агенда. Продолжува и усогласувањето со европското законодавство, со фокус на развојот на малите и средните претпријатија, подобрување на конкурентноста и создавање услови за одржлив и стабилен економски раст.