Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Уставниот суд ќе биде домаќин на IV форум на балканските уставни судови

Уставниот суд од 12 до 15 ноември годинава ќе биде домаќин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд од 12 до 15 ноември годинава ќе биде домаќин на IV форум на балканските уставни судови, во чии рамки ќе се одржи меѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“. Настанот ќе се одржи во Охрид со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинарите информира дека со одржувањето на форумот ќе се заокружи годинешното претседавање на судот со оваа регионална иницијатива, која претставува значајна платформа за соработка, размена на искуства и унапредување на уставно-судската практика во регионот.

Костадиновски информира дека во центарот на меѓународната конференција ќе бидат прашањата за зајакнување на довербата во уставните судови, заштитата на владеењето на правото во услови на современи демократски предизвици и улогата на уставното судство во дигиталната ера. Преку размена на искуства и добри практики, како што посочи, учесниците ќе дискутираат за унапредување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставното судство.

Реклама

– Досега е потврдено учеството на 30-ина високи претставници од уставни судови, меѓународни институции и организации. Покрај делегациите од земјите членки на форумот – Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово и Турција – ќе учествуваат и претставници на Врховниот уставен суд на Египет, на Уставниот суд на Азербејџан, на Кореја, на Конго, на Узбекистан и на Шпанија, Асоцијацијата на франкофонските уставни судови (ACCF), Европскиот суд за човекови права, Венециската комисија и други истакнати претставници на меѓународната правна заедница. Од поканетите гости како специјален гостин ќе биде претседателот на најстариот Уставен суд во Европа – Уставниот суд на Австрија – рече Костадиновски. 

На свеченото отворање на форумот поканети се и домашни највисоки претставници од политиката, но и од правосудните органи, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, спикерот на парламентот, Африм Гаши, првите луѓе на највисоките правосуди инстанции во државата.

Во рамките на форумот ќе се одржи и посебна седница на претседателите на балканските уставни судови, на која ќе биде разгледана и усвоена охридската декларација како заеднички документ со кој ќе се потврди определбата за натамошно продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на владеењето на правото.

Костадиновски истакна дека организацијата на IV форум на балканските уставни судови претставува потврда за меѓународниот углед што македонскиот Уставен суд го изгради во изминатите години и за неговата активна улога во јакнењето на регионалната и меѓународната уставно-судска соработка.

Овој форум е создаден во 2023 година на иницијатива на македонскиот и бугарскиот Уставен суд. Првиот состанок е одржан во Софија во 2023 година, а вториот, на кој учествувал и Костадиновски, се одржал во Приштина, третиот бил одржан минатата година во Анталија, Турција и на тој состанок Уставниот суд на Македонија го презел претседавањето со форумот. 

На брифингот беше промовирана и специјализираната веб-страница наменета за информации за овој форум https://ustavensud.mk/bccf/ .