Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Усвоен дневниот ред на 116. собраниска седница, одложена расправата за пакет-законите за високото образование

Пратениците денеска го изгласаа дневниот ред со четирите закони од областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците денеска го изгласаа дневниот ред со четирите закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност на 116. седница на Собранието. 

По гласањето, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја прекина седницата, а за нејзино продолжување најави дополнително известување.  

На дневен ред на седницата се предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, и предлог-законите за обезбедување квалитет во високото образование и науката, за научноистражувачката дејност и за високото образование трите, во прво читање.

Реклама

​Пратеничката Даниела Христова, која е и една од предлагачите на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, ја образложи потребата од негово донесување по скрстена постапка појаснувајќи дека со предложените измени се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови.

– Се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за оние студенти што нема да се придржуваат до куќниот ред на домот – информира Христова.

Измените, посочи, се со цел за поголема сигурност и безбедност на студентите во студентските домови, како и порамноправен третман за сите студенти при приемот и при изрекувањето на дисциплинските постапки. Предлог-законот, нагласи, не предизвикува финансиски последици врз буџетот на Република Македонија.

Не беше прифатен предлогот на пратеникот Сашко Јанчев на дневен ред да се стави предлог-закон за изменување на Законот за виното.