Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Универзитетот Скопје подржувач на историски капитален проект за македонската спортска историја

„Патот на Кобра до ѕвездите“, ова е насловот на документарниот филм посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Патот на Кобра до ѕвездите“, ова е насловот на документарниот филм посветен на најголемото фудбалско име во македонската историја, Дарко Панчев. Под генерално покровителство на Универзитетот за туризам и менаџмент, сега со ново име Универзитет Скопје, овој филмски документ со историска вредност за македонскиот спорт е во организација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција.

Историја испишуваат многу луѓе, јас сум почестен што заедно со Дарко Панчев создадовме документарен филм за идните генерации. Ова е филмски проект за македонската спортска историја. Дарко Панчев е македонска ѕвезда, кој ја заслужува целата слава“, порача ректорот проф. д-р Аце Миленковски.

„Патот на Кобра до ѕвездите“ е филм за подемот на македонскиот спортски бренд Дарко Панчев до европскиот и до светскиот трон. Панчев е еден од најдобрите голгетери на светот во осумдесеттите и на почетокот на деведесеттите години на минатиот век и еден од најпознатите македонски спортисти во историјата. Тој е носител на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа и на Сребрената топка за најдобар фудбалер. Прогласен и за фудбалер на Македонија на 20. век, вистинска гордост на македонскиот спорт.

Реклама

„За мене е секако чест и задоволство што кариерата ќе ми биде претставена и на ваков начин на филмско платно. Ми беше задоволство да соработувам со продуцентите на филмот, и се надевам дека ќе ѝ се допадне на целокупната македонска и балканска јавност“, истакна Панчев.

Од Спорт клуб рекоа дека создале филм за детството на Дарко, неговиот раст и фудбалски развој за патот до успехот, и не само според неговите сеќавања, туку и сеќавањата на многу други личности, негови блиски и од неговото окружување.

„Дарко е многу благодарен соговорник, но и многу незгоден затоа што се сеќава на многу детали. Просто е неверојатно како Дарко се сеќава на сѐ од неговата фудбалска кариера, затоа и со самото тоа ни беше навистина лесно, но во исто време малку и понапорно да собереме сѐ   на едно место, и во секој случај, да создадеме, мислам, навистина прекрасен документарен филм, кој засекогаш ќе сведочи за една големина каква што е Дарко Панчев“, истакнаа од Спорт клуб творците на документарниот филм за македонскиот фудбалер на векот.

Филмот, преку гостувања на истакнати спортски и јавни личности, како и на самиот Панчев, ја раскажува неговата животна приказна на фудбалските терени, до врвот на светскиот фудбалски трон. Снимањето е направено на повеќе локации во Скопје, Белград, Сараево, Загреб, Букурешт, Подгорица, во времетрање од два месеца со повеќе од 40 личности од светот на фудбалот, културата и од јавниот живот.