Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Ја убил, ја оставил во шумата, па се јавил во полиција да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја убил, ја оставил во шумата, па се јавил во полиција да пријави дека жена му исчезнала . Откако го пријавил исчезнувањето, утредента повторно се јавил во полицијата. Овојпат пријавил дека го пронашол телото на 48 годишната сопруга во безживотна состојба и во фаза на распаѓање. На полицијаците им рекол дека мртвата жена ја пронашол во тешко пристапна шума близу селото Летевци. Јавното обвинителство соопшти дека уапсен е 51 годишен маж поради сомнение за убиство. Направена е и обдукција врз телото на пројандената жена, со која е потврдено дека станува збор за насилна смрт.

„Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.“- велат од ОЈО.

Истражните органи проверуваат дали тројцата пријатели на осомничениот коишто сите се над 60 годишна возраст, се поврзани со  убиството. МВР откри дека осомничениот прво пријавил дека сопругата се оддалечила од нивниот дом, за утредента да им јави дека ја нашол мртва.

Реклама

„На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“- велат од МВР.

Од Обвинителството информираат дека во тек се повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.