Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Цените во продавниците растеле побрзо од набавните цени на производите. Ова го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените во продавниците растеле побрзо од набавните цени на производите. Ова го покажале контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени на околу 700 производи, во периодот од мај 2025 до мај 2026 година. Министерот Дурмиши по состанокот на Економскиот социјален совет, објасни дека за дел од прехрамбените производи и производите за лична хигиена, цените се зголемиле за 2,66%, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56%.

„Тоа значи дека дел од растот на малопродажните цени на прехрамбените и другите производи, се зголемуваат поради брутопрофитната маржа која одредени трговци ја зголемиле оваа година, односно кога се намалиле набавните цени, тие не ги намалиле своите цени“, изјави Бесар Дурмиши министер за економија и труд.

За понеделник ​е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните цени и набавните цени на големите количини. Дурмиши посочи дека најновите податоци од Државниот завод за статистика се дека и овој месец инфлацијата е намалена за 0,5 проценти,.

Реклама

„Од друга страна, најновата анализа што е направена, исто така за периодот март-јуни 2026 година, покажува поинаков тренд кај производителите, односно набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти. Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа крајните месеци е намален и цените се во стабилна фаза“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. 

На седницата на Економско социјалниот совет, синдикате го повторие ставот дека платите не го следат растот на трошоците. Паралелно со тоа продуктивноста и профитите на газдите растат,  но обичниот работник, велат не го чувствува тоа преку зголемени примања.

„За среќа и на Владата со многу статистики се покажа дека македонскиот работник е продуктивен и дека прави добри профити на страната на ра ботодавачите и владата, но тоа никако не го гледа македонскиот работник туку е убедуван дека е недоволно продуктивен и дека се луксузира со платата што ја добива“, изјави Иван Пешевски од СГИП.

Економско-социјалниот совет денеска ја усвои Годишната програма за работа за 2026 година, а беше дадена поддршка и на реформите во високото образование, кои треба да обезбедат поквалитетен кадар и поголема усогласеност на образованието со потребите на пазарот на трудот.