Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посилна за уште еден пратеник, сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посилна за уште еден пратеник, сега има 59 народни избраници. Потпишан договор за коалиција меѓу најголемата политичка сила во државата и Демократска партија на Турците, која во законодавниот дом има еден претставник. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски порача дека со ова е направен уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување на политичка стабилност, што е неопходен предуслов за продолжување на реформите и проектите.  Спорен него ваквите партнерства градат силна држава, каде политиката не создава нови поделби.

-Демократската партија на Турците на Македонија од денеска е составен дел на коалицијата, како дел од внатрешната коалиција, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на македонското Собрание. И со тоа веќе парламентарното мнозинство, добива уште еден пратеник дополнително, а пратеничката група која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот Парламент ќе брои 59 пратеници, изјави Мицкоски.

Демократската партија на Турците ќе има еден министер без ресор во владиниот кабинет. Партискиот претседател Зулфикар Зејнула, кажа дека да се биде дел од Владата е чест, но и обврска.

Реклама

-Наш приоритет, ќе биде учество во развојот на државата, во унапредувањето на правата на турската заедница и нејзината институционална застапеност и зачувувањето на јазичен, културен и национален идентитет. Ова е почеток на нашето институционално претставување и на едно долгорочно партнерство, изјави Зејнула.

Пратеник на новиот коалициски парнер во власта е поранешниот прв човек на таа партија Бејџан Иљаз. До пред една година тој беше дел од Европскиот фронт, кога решија да ја напуштат коалицијата предводена од ДУИ.

Матеја Петровски