Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Студиска посета на делегација на Собранието на Црна Гора во Собранието на Македонија

Во Собранието  денеска се одржаа повеќе работни средби меѓу членовите на Меѓупартиската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието  денеска се одржаа повеќе работни средби меѓу членовите на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Комисијата за финансирање и буџет со делегација на Собранието на Црна Гора, која престојува во студиска посета на земјата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во состав на црногорската делегација биле пратениците Јасмин Ќоровиќ и Јевросима Пејовиќ, како и претставници од Службата на Собранието на Црна Гора, кои со своите домаќини размениле искуства и мислења за парламентарните практики, со акцент на механизмите за спречување на корупцијата и унапредувањето на парламентарниот надзор.

На средбата со претставниците на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, копретседавачката Соња Мираковска, заедно со членовите Антонијо Милошоски, Славјанка Петровска и Фатмир Битиќи, ги претставила активностите и улогата на ова неформално парламентарно тело во Собранието. Мираковска истакна дека групата брои 51 член и функционира со двајца копретседавачи, со цел да се обезбеди широка меѓупартиска поддршка во борбата против корупцијата.

Реклама

Претставниците на Собранието на Црна Гора информирале дека нивното соодветно парламентарно тело има формален статус, при што беше отворена дискусија за предностите и предизвиците на двата модели на функционирање, како и за можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка.

Во рамките на студиската посета се одржала и средба со членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која присуствуваа претседателот на Комисијата, Миле Лефков, членката Калтрина Беќири и пратеникот Драган Недељковиќ. Средбата беше посветена на размена на искуства во областа на парламентарните процедури, примената на Деловникот и јакнењето на институционалниот интегритет.

Претседателот на Комисијата, Миле Лефков ги запознал членовите на делегацијата со неодамна усвоениот Етички кодекс за пратениците во Собранието, при што ги образложи неговите основни принципи, целите и начинот на примена. Тој ги информирал дека во рок од 45 дена Собранието ќе формира работно тело задолжено за следење на неговата примена и почитување.

Претставниците на Собранието на Црна Гора го поздравиле усвојувањето на Етичкиот кодекс, оценувајќи го како значаен чекор во насока на унапредување на парламентарните стандарди, транспарентноста и интегритетот на пратениците.