Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Македонија

Стојкова Серафимовска: 1,071 милијарда денари за култура и буџет за туризмот повисок за над 200 проценти

По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти – рече Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција.

Ваквото покачување на буџетот води кон зајакнување на националната култура, што се гледа преку зголемената поддршка на програмите во националните установи за 25 проценти, односно од 399 милиони денари во 2023 година на 493,5 милиони денари во 2026 година. Како резултат на тоа, сопствените приходи на националните установи се зголемени за 150 проценти во споредба со 2023 година.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој во изминативе две години се поддржани 108 проекти. Во соработка со научната и стручната јавност започнато е и национално мапирање на креативните индустрии, кое ќе послужи како основа за изработка на првата Национална стратегија во оваа област.

Реклама

По речиси една деценија е обновен и откупот на ликовни дела, при што се откупени 37 дела од значајни македонски автори во вкупна вредност од 6,6 милиони денари.

Буџетот на Агенцијата за филм е зголемен од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година, а со законските измени ќе се обезбедат и дополнителни средства од игрите на среќа за развој на домашната филмска продукција.

Во изминатиот период значително се зголемени и средствата за капитални инвестиции од 230 милиони денари во 2023 година на 485 милиони денари во 2026 година. Во тек е реализацијата или завршната фаза на повеќе капитални проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, новите простории на Џез оркестарот, реконструкцијата на Македонскиот народен театар и други.

Значително е интензивирана и заштитата на културното наследство преку инвестиции во археолошки локалитети, реконструкција на споменици на културата, како и продолжување на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

Во областа на туризмот, буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од повеќе од 200 проценти.

Отворени се нови пазари во соработка со туристичкиот сектор, а во завршна фаза е подготовката на Националната стратегија за развој на туризмот со акциски план, која треба да ја позиционира Македонија како конкурентна европска туристичка дестинација.

Почитувани,

Заштитата на културното наследство, развојот на културата и уметноста и унапредувањето на туризмот не се постигнуваат со декларации, туку со конкретни политики, стабилно финансирање и силни институции. Токму затоа, резултатите што се постигнати во изминатите две години потврдуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја врати културата и туризмот меѓу стратешките приоритети на државата.