Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Стојаноски: Преку ребаланс на буџет се реализираат капитални проекти и се подобрува животниот стандард

Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за првпат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за првпат во ребалансот на буџет се покачуваат средствата за капитални проекти за  14%, се со цел, како што кажа, зголемување на животниот стандард, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За првпат во историјата од кога Република Македонија е независна во ребалансот се покачуваат средствата за капитални проекти за 14%. Ние ја кажавме нашата економска филозофија веќе кога ја составивме владата дека ќе се базира на три работи. Реализација на капитални проекти, повисок животен стандард и привлекување на странски директни инвестиции и ребалансот оди директно во насока на почитување на овие три нешта коишто сега ги споменав“, рече Стојаноски. 

Стојаноски додаде дека во изминатите седум квартали забележан е раст од 3%, потенцирајќи дека економските политики даваат резултати.

Реклама

„Ако ја видите вие нашата економска филозофија во изминатите седум квартали и растот од 3% како и она кое што го кажува ММФ укажува дека нашата економска филозофија е успешна и токму затоа ние сакаме дополнително да го зголемиме бустот кон градежништвото и кон личната и приватната потрошувачка, како и поддршката кон стопанството бидејќи ако ги видите бројките во Државниот завод за статистика ќе видите дека овие контрибутори се главни и се драјвер на нашиот економски раст“, заврши Стојаноски.