Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Со стабилизацијата на цената на нафтата, ќе се стабилизираат и цените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со стабилизацијата на цената на нафтата, ќе се стабилизираат и цените на основните прехрамбени производи. Ќе има и надолна корекција, но тоа нема да  се  случи веднаш. Од Сојузот на сопански комори оценија дека државата добро ја менаџира состојбата во време на глобална криза. Потенцираат дека инфлацијата е под контрола, а тоа е резултат, пред се поради правилното менаџирање со цената на енергенсите.

„Доколку другите трошоци се немаат покачено да се види цените пред кризата и по кризата. Единствено тука факторот на покачување на цената се цената на факторот човечки ресурси, каде што имкаме инфомрации од наши членки дека платите се покачуваат бидејќи има силен недостаток. Веројатно во иднина ќе значи доаѓање на луѓе од далечниот исток, но тоа е тоа. Влегуваме во тој процес каде што економијата мора да функционира“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССКМ.

Од стопанските комори велат дека Законот за нефер трговски практики најдобро ги регулира и контролира цените на пазарот. Според нив, законот треба доследно да се почитува, а воедно ја поддржуваат и најавената измена со која се предвидува зголемување на казните.

Реклама

„Вистинската адреса, учествуваме во носењето на законот за нефер трговски практики. Сметаме дека тој е кчучната алатка и државата ја имаа таа алатка која мкоже да расуди и да донесе квалитетни заклучоци“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССКМ.

Покрај заштитата на стандардот на граѓаните преку корекции и контрола на цените, од Комората сметаат дека е неопходно и вложување во дигитализација и финансиска писменост на компаниите, со цел намалување на производствените трошоци и зголемување на продуктивноста. На годишното Собрание на сојузот на стопански комори беше заклучено дека во иднина Комората ќе биде насочена кон обуки за компаниите, преку кои ќе се овозможи намалување на трошоците со примена на дигитални алатки и јакнење на претприемачките вештини. Според нив, тоа ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и производи на европскиот пазар.