Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба на министерот Агон Ферати со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска остварил средба со в.д.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска остварил средба со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс.

Како што соопшти Министерството, средбата се одржала во важен момент за Министерството, во период кога се работи на Годишниот план, како и на процесот на реструктуирање и модернизирање на институцијата.

-На средбата се разговараше и за концептот „25 години и понатаму“, во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Концептот има за цел да отвори нова визија за иднината на соживотот, инклузивноста и градењето доверба меѓу заедниците, стои во соопштението од Министерството за односи меѓу заедниците.

Реклама

Ферати истакнал дека целта на Министерството е да се изгради функционална, инклузивна институција, која ќе биде поблиска до граѓаните.

-Нашата цел е да создадеме институција која ќе биде пофункционална, поотворена и поодговорна кон граѓаните. Охридскиот договор останува важна основа за мир, стабилност и инклузивност, но преку концептот ‘25 години и понатаму’ сакаме да отвориме разговор за тоа како оваа вредност да продолжи да се развива и во иднина – истакнал министерот.

Од Министерството додаваат дека на средбата било нагласено значењето на соработката со САД како стратешки партнер на Северна Македонија, особено во процесите поврзани со демократскиот развој, инклузивните институции, довербата меѓу заедниците и евроатлантската перспектива на земјата.