Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Состојбата со резервите на крв во Куманово во моментов е стабилна и под контрола

Состојбата со резервите на крв во Куманово во моментов е стабилна, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со резервите на крв во Куманово во моментов е стабилна, но неопходно е граѓаните континуирано да даруваат крв за да се обезбедат доволни залихи, особено во текот на летниот период кога потребите се зголемени, а бројот на редовни крводарители се намалува.

Раководителот на Службата за трансфузиона медицина Куманово, д-р Дритон Биљали, посочи дека во летните месеци има поголема побарувачка за крв поради зголемената раздвиженост, сообраќајните несреќи, свадбите и доаѓањето на иселениците, додека учениците и студентите, кои се меѓу најактивните крводарители, се на распуст.

-Во летниот период се зголемуваат потребите за крв. Затоа ги повикувам сите хумани граѓани да дојдат и да даруваат крв за да имаме доволно резерви- изјави Биљали.

Реклама

Тој нагласи дека крвта не може веднаш да се користи по дарувањето, бидејќи секоја единица се испраќа на обработка и лабораториски тестирања во Скопје, поради што е важно резервите постојано да се обновуваат, а не да се чека моментот кога ќе се појави потреба.

– Крвта што се дарува не може веднаш да се употреби. Таа се испраќа во Скопје, каде што се обработува и се тестира на сите заразни и преносливи инфекции. Затоа не се препорачува фамилијарно дарување во моментот кога ќе се јави потреба. Потребно е постојано да има резерви-рече Биљали.

Најдефицитарни, како и вообичаено, се негативните крвни групи, иако моментално и за нив има доволни количини.

-И кога има доволно резерви, потребно е да се дарува крв, бидејќи секоја крвна единица има рок на траење. Ако не се искористи навреме, мора да се повлече од употреба- истакна Биљали.

Тој ги повика сите здрави лица кои ги исполнуваат условите да станат редовни крводарители. Во Службата за трансфузиона медицина Куманово крводарителски акции се организираат секој понеделник и четврток, од 8:30 до 12:30 часот. Според препораките, мажите можат да даруваат крв на секои 90 дена, односно три месеци, додека жените на секои 120 дена, односно четири месеци. Во однос на дарувањето во летниот период, Биљали посочи дека постапката е безбедна, а единствена препорака е дарителите по дарувањето да внесуваат повеќе течности.

– Во лето се препорачува да се пие поголема количина вода и течности, што важи и за крводарителите по дарувањето. Освен тоа, нема посебни ограничувања-рече Биљали.

Според податоците на Општинската организација на Црвениот крст Куманово во првата половина од тековната година собрани се над 1.468 крвни единици што е на слично ниво во однос на истиот период од претходната година. Првите шест месеци од годинава благ пораст на бројот на крводарувања се забележува меѓу граѓанските организации и приватни компании кои почнаа да организираат акции. Здравството го поддржува крводарителството, на оние кои се во работен однос им следуваат слободни работни дена, по десет пати дарување ослободени се од партиципации.