Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Службата за Итна медицинска помош во Велес со зголемен број на повици и прегледи

Во овие претопли летни денови кога здравјето на граѓаните е нарушенo поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овие претопли летни денови кога здравјето на граѓаните е нарушенo поради превисоките температури зголемен е и бројот на повици за домашни посети како и прегледи во Службата за итна помош која работи во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Како што информира д-р Сања Мишева од оваа служба, во изминатите денови и денеска имале зголемен број на пациенти со цревни заболувања, повраќања и проливи. Воедно имале и зголем број на пациенти – деца со зголемена телесна температура.

Таа апелира до граѓаните да внимаваат на храната како ја чуваат и како ја подготвуваат и да одбегнуваат тешка и мрсна храна, а да употребуваат многу овошје изеленчук кое убаво ќе го измијат пред употреба. Воедно им препорачува и посебно да внимаваат од каде консумират брза храна како хамбургери и хот дог поради потенцијалната опасноста од труење со храна. Посебно да избегнуваат мајонези и други додатоци од кои некои се подготвуваат во домашни услови, па постои поголема опасност од труење со салмонела.

Д-р Мишева информира дека и оваа лето во нивната служба имале голем број на пациенти кои побарале итна помош поради убоди од оси, пчели, стршлени, чкрапла и други инспекти, како и од крлежи, кои исто така ги има во зголемем број ова лето, при престој во природа и на плажите.

Реклама

Таа им препорачува на граѓаните навремена заштита од секаков вид на инсекти со препарати за заштита од инсекти и крлежи.

На оние кои се алергичните од убоди на оса и пчела како превентивна заштита им порачува навреме да земат неопходна терапија за заштита или веднаш по убодот од оса и пчела да побараат итна медицинска помош од нивната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес.