Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

Се штимаат последните пресметки за новата цена на струјата

Поевтина струја од ЕСМ, посолено ДДВ и неизвесна дневна тарифа –  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поевтина струја од ЕСМ, посолено ДДВ и неизвесна дневна тарифа –  се прават последните калкулации  за новата цена  од 1- ви јули.    Државните електрани ќе ја продаваат произведената струја за 3 евра поевтино од досега . На тендерот од ЕВН  за набавка на електрична енергија кој заврши денеска,  се јавиле само ЕСМ  со понуда од 53 евра за мегават час .  

„Оваа цена е за околу 5,35 проценти пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас“, информираа од ЕВН Хоум. 

Иако од понудата на ЕСМ најмногу зависи каква ќе биде новата цена на струјата, сеуште е рано да се прогнозира, со оглед на зголемените трошоци кои ги пријавија енергетските компании до Регулаторна .

Реклама

  Од Електродистрибуција побараа зголемување за над 30 осто, МЕПСО за 53 , а преносниот систем МЕМО за над 80 отсто.   Покрај цената од ЕСМ и трошоци од енергетските компании , во новите сметки за струја се враќа посоленото ДДВ од 18 %. Дополнително, иако на голема врата се најавуваше враќање на дневната евтина струја, сега е неизвесно кога тоа ќе се случи.  Регулаторна ќе ги собира и одзема сите овие податоци до идната недела кога треба да ја соопшти новата цена на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат до 1-ви јануари . Бислимоски смета дека поскапување нема да има

Тие податоци што ги имаме до денеска, цената на електричната енергија не треба да поскапи , изјави Бислимоски за пари.мк

Премиерот пак прилично посигурен. Тој е уверен дека струјата нема да поскапи . Што се однесува до евтината струја, Влада топката ја фрли кај Регулаторна – тие ќе кажеле кога ќе бидат подготвени броилата.

Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие кои беа експерти за корона, а потоа станаа експерти за енергетика, сега се експерти за уставни измени, вели Ковачевски.

Во моментов цената на струјата се одредува по блок тарифи . Најскапи се третиот и четвртиот блок каде при последното определување на цената имаше поскапување .  Евтината ноќна тарифа е 4 денари за киловат час.

Кристина Алексиеска