Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо измислени предлози и политички лекции СДСМ и Филипче да се извинат за седумте изгубени години во земјоделието

– СДСМ нуди предлози со кои дополнително би се осакатиле македонските земјоделци.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– СДСМ нуди предлози со кои дополнително би се осакатиле македонските земјоделци. Наместо измислени предлози и политички лекции, СДСM и Венко Филипче прво треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за она што го направија во седумте години власт, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Да се извинат што седум години го уназадуваа македонското земјоделство.

Да се извинат што оставаа неисплатени субвенции и долгови кон земјоделците, пари кои оваа Влада мораше да ги исплаќа и да ги расчистува.

Реклама

Да се извинат што ги крадеа земјоделците.

Да се извинат и за економските политики со кои дополнително го оптоваруваа стопанството, меѓу кои и солидарниот данок што го воведоа. Наместо денес да глумат загрижени за земјоделците и за стандардот на граѓаните, треба да одговорат за сопствените одлуки додека беа на власт.

А Венко Филипче, треба да даде одговори и за случајот со набавката на кинеските вакцини и за јавно објавените сомнежи и обвинувања поврзани со посредници и провизии. Наместо денес да дели лекции, јавноста заслужува прецизни одговори за постапките и одлуките од тој период.

И конечно, наместо СДСM денес да кажува како требало да се води земјоделието, нека погледне што покажуваат резултатите.

2024 и 2025 година се години на силен раст на извозот на земјоделски производи, со резултати што се издвојуваат во споредба со извозните остварувања во изминатите 15 години. Во 2025 година извозот на земјоделски производи достигна 416,7 милиони евра, односно околу 85 милиони евра повеќе од 2024 година.

Тоа се бројки. Тоа се резултати.

СДСM прво нека се извини за седумте изгубени години во земјоделието, за неисплатените субвенции и за политиките со кои го оптоваруваше стопанството, а потоа нека им дели совети на земјоделците. Земјоделците не живеат од соопштенија – живеат од својот труд, од сигурен пласман, од навремена поддршка и од резултати.