Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мисајловски: Стабилен Балкан значи стабилна Европа – евоинтеграцијата на земјите од регионот ќе ја зајакне европската безбедност

Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата- рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан.

Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, се задржа и на севкупните инвестиции во одбраната и активностите поврзани со одбраната и безбедноста.

-Со инвестиција од 2 проценти во одбранбениот буџет и силните инвестиции во воената мобилност преку изградбата на коридорите 8 и 10, земјава не само што ги исполнува во целост своите обврски кон заедничката Алијанса, туку и на терен ја зацврстува безбедноста и стабилноста на поширокиот регион- рече Мисајловски и додаде дека „воената мобилност ја сметаме за еден од клучните фактори што ја овозможуваат европската и евроатлантската безбедност“.

Реклама

Во контекст на европската поддршка, министерот Мисајловски го спомена четвртиот европски пакет кој за прв пат вклучува активности за развој на инфраструктурата на армискиот полигон „Криволак“ кој е исклучително важен ресурс за обука и извежбување за македонската Армија, сојузниците и партнерите.

Во своето обраќање Мисајловски се осврна на потребата од континуирано зацврстување на регионалната безбедност при што нагласи: „Стабилен Балкан значи стабилна Европа“, посочувајќи ги мисиите на НАТО, КФОР, на Косово и на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина во чии рамки придонесуваат и македонските војници и додаде дека низ годините регионот се трансформираше од увозник во извозник на мир, стабилност и безбедност.

-Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на Европската Унија дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и севкупната безбедност на Европа – рече Мисајловски во контекст на одбранбената соработка во Централна Европа и Западниот Балкан и додаде дека земјава „поддржува поголема вклученост на балканските партнери во релевантните одбранбени иницијативи и инструменти на Европската Унија.“

Министерот Мисајловски денеска учествуваше и на средбата во формат земји – учеснички во Балканските медицински наменски сили, каде говореше за успешноста на оваа иницијатива, но и за потребата од носење на одлуки со кои ќе се зголеми визибилноста на овие регионални сили.

-Земјите-членки на Балканските медицински наменски сили влегуваат во период во кој се потребни конкретни чекори за преземање поголема одговорност. Безбедносните случувања влијаат врз приоритетите на партнерите на БМНС, при што фокусот сè повеќе се насочува кон други региони. Токму затоа, сега е потребно заеднички да покажеме и јасно да изразиме силна волја, посветеност и визија за понатамошниот развој на БМНС- рече Мисајловски.

Тој потврди дека нашата земја ја поддржува идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни позитивен пристап, заедничка волја и посветеност од сите земји-членки.