Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Серафимовски: Политичкото пријателство со Индија да се претвори во инвестиции и долгорочни партнерства

Официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, претставува силен поттик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјалната посета на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, претставува силен поттик политичкото пријателство меѓу Македонија и Индија да се претвори во конкретна економска соработка, нови инвестиции и долгорочни деловни партнерства, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на Македонско-индискиот бизнис-форум.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, форумот се одржал во рамки на официјалната посета на индиската претседателка на земјава.

Во обраќањето пред претставниците на деловните заедници од двете држави, Серафимовски оценил дека сегашната трговска размена во земјоделството и прехранбената индустрија не ги одразува реалните можности на двете економии. Тој како области со најголем инвестициски потенцијал ги посочил сточарството, производството и преработката на овошје и зеленчук, лозарството и винарството, органското производство, пчеларството, како и развојот на дистрибутивни центри и современи преработувачки капацитети.

Реклама

– Нашата цел е македонското земјоделство да го трансформираме во модерно, одржливо, технолошки напредно и извозно ориентирано стопанство. Индија ја препознаваме како значаен потенцијален партнер во тој процес, пред сѐ од аспект на трансферот на технологии и знаење, развојот на преработувачки капацитети и отворањето нови пазари – нагласил Серафимовски.

Министерот ги претставил и можностите за инвестиции во паметни системи за наводнување, рационално управување со водните ресурси, земјоделска механизација, дигитално следење на производството, соларни системи за фарми, како и производство на енергија од биомаса и биоотпад.

Според него, компаниите што ќе ги исполнат пропишаните услови ќе можат да користат поддршка преку националните програми и ИПАРД III.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е подготвено да биде активен институционален партнер. Подготвени сме да овозможиме директна комуникација со заинтересираните компании, да ги поврземе со македонски производители и преработувачи и да помогнеме инвестициските идеи да се претворат во одржливи проекти – порачал Серафимовски.