Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август – Ден на Републиката

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август  – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини.

-Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е клучен предуслов за зачувување на безбедноста на сите учесници – нагласуваат од РСБСП.

Реклама

Во таа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот:

-да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи;

-да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење со возилата согласно поставената сообраќајна сигнализација, густината на сообраќајот и условите на патот;

-да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и недозволиви психотропни супстанци или во состојба на замор;

-задолжително да користат сигурносен појас, а децата на возраст до пет години да се превезуваат во соодветни детски седишта;

-да не користат мобилен телефон или други електронски уреди за време на управување со возило;

-пред поаѓање на пат да ја проверат техничката исправност на возилото, а долгите патувања на секои два часа возење да прават паузи.

До велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците РСБСП со апел да се движат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-Секое одговорно однесување во сообраќајот претставува придонес кон зачувување на човечките животи. Да не дозволиме еден момент на невнимание, брзо возење или неодговорна одлука да доведат до несакани последици. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита празникот 2. Август Денот на Републиката – Илинден на сите граѓани и им посакува безбедно патување и пристигнување до саканата дестинација – се вели во соопштението.