Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Роденденот на Делчев е само еден од датумите кои Македонија ќе мора да ги чествува со Бугарија

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делев е зад нас, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делев е зад нас, но во следните 6 месеци ќе се соочиме со уште неколку предизвици, поврзани со чествување на личности од македонската историја, кои преку работата на мешовитата историска комисија станаа заеднички. Освен роденденот на Делчев, Македонија со Бугарија ќе треба заедно да ги чествува и 4-ти мај, денот кога македонскиот револуционер бил убиен, но и 24-ти Мај, денот на македонските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, како и 2-ри Август, денот на Илинденското востание. Дали и на сите овие свети датуми за Македонија, стотици полицајци и специјалци ќе бидат на терен, хеликоптери ќе ја прелетуваат македонската територија и ќе бидат настани од висок безбедносен ризик? За деновите на кои ги чествуваме големите имиња за македонскиот народ, Бугарите веќе се најавија дека ќе дојдат, да се поклонат и да им оддадат почит.

  •  Главни датуми за заеднички прослави меѓу Бугарите и Македонците: 5 главни датуми во текот на годината (засега): – 4 февруари – Годишнина од раѓањето на Гоце Делчев – 4 мај – годишнина од смртта на Гоце Делчев – 24 Мај – денот на Св. Х. Е. С. Кирил и Методиј и бугарската писменост – 14 јули – Битка на ножот – 2 Август – Илинден – Ден на Илинденското востание во Македонија Заеднички прослави се поставени и на Св. Климент Охридски и на Св. Наум Преславски, кои постепено ќе се воспостават како традиција за заеднички прослав пишува Стојанов на ФБ.

По речиси 7 децении, од кога гробот на Гоце Делчев се наоѓа во Скопје, ова беше прв пат, почивалиштето на македонскиот апостол да биде чувано од специјални полициски сили. За 4-ти февруари посебни безбедносни мерки имаше од границата со источниот сосед па се до главниот град. Огромно полициско обезбедување го чуваше редот и мирот во и околу црквата Св. Спас каде и на 4-мај ќе треба да се оддаде почит, на денот кога Делчев бил убиен. Бугарски делегации се најавуваат и за денот на просветителите но и за 2-ри Август кога се поставиле постулатите на македонската држава.

Сето ова е новина во македонско – бугарските односи, затоа што Бугарите не покажуваа речиси, каков било интерес за македонските историски личности и настани, се до потпишувањето на Добро-соседскиот договор со Бугарија и прифаќањето на речиси сите нови барање кои стигаа од официјална Софија, од страна на актуелната македонска власт.. Под максимата „политиката на политичарите, историјата на историчарите“,лани во август, беќе објавено дека  членовите на Мешовитата македонско – бугарска историска комисија, се договориле дека браќата Кирил и Методиј, царот Самоил, светите Климент и Наум, Григор Прличев, треба да бидат дел од заедничката историја, бидејќи,  ние не сме можеле да го имаме ексклузивитетот,  дека тие се само наши.. За сега, за Гоце Делчев и Илинденското востание, се преговара, но нема договор.. Поучени од досегашното искуство со работењето на комисијата, не можеме да исклучиме дека во последен момент ќе ни биде соопштено, дека се нашол начин и оправдување за заедничко чествување на овие два светли датума во македонската историја..