Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Речиси секојдневно вандализам на игралиштата во Скопје, тинејџерите дивеат, граѓаните бараат построги мерки

Искршени лулашки, уништени клацкалки, откорнати даски од клупите за седење.Тинејџери дивеат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искршени лулашки, уништени клацкалки, откорнати даски од клупите за седење.
Тинејџери дивеат во скопските населби во ноќните часови.  По видеото што ја разлути јавноста на кое се гледа како разбеснети млади кршат урбана опрема на игралиштето „Патрик“, Алфа телевизија направи обиколка низ повеќе игралишта во општина Аеродром, а сликата не беше сјајна. Граѓаните бесни, велат – вината е најмногу до родителите и бараат построги мерки за да се стави крај на хулиганското однесување во нивната населба.

„Само домашно воспитување, родителите мора да си ги воспитуваат децата.“- велат граѓаните.

Психолозите апелираат до родителите и училиштата – будно да го следат однесувањето на своите деца бидејќи само така може да ги препознаат знаците на вандализам. Комуникацијата и емпатијата се клучни, а доколку имаат потреба да побараат помош и од стручни лица.

Реклама

„Ако го насочат и кон друго кримогено однесување, тоа секако може да направи сериозен проблем за самите нив а потоа и за општеството. Има бројни последици кои може да се појават, не само на децата кој што се вклучени туку и на нивните семејства, на околината, од социјален аспект да влијае доста негативно и за тие околу нив нели да си изгубат пријателства затоа што многу луѓе ќе сакаат да се дистанцираат и да не учествуваат во тие однесувања кои и воопшшто не треба да се присутни.“- вели психологот Фики Гаспар.

Надлежните велат дека се работи за штета на специфични реквизити вредна повеќе илјадници евра. Веќе работат и на решение на проблемот со тоа што ќе се постават камери кај детските и спортски игралишта.

„Ние како општина веќе работиме на процедура за поставување на сите детски и спортски игралишта кои што се на територија на општина Аеродром. Процедурата се спроведува по претходно добиена согласност од Дирекцијата за заштита на лични податоци и веднаш штом ја добиеме таа согласност ќе спроведеме постапка за јавна набавка за поставување на видеонадзор на игралиштата.“- вели градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски.

Надлежните велат дека ова не е единствен случај на вандализам. Оваа слика се јавува во сите општини, па така ни Аеродром не е исклучена од нив. Најчесто станува збор за повозрасни деца кој го уништуваат јавниот инвентар во текот на вечерните часови.