Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Регистар на авторизации – нова, олеснителна можност за компаниите на порталот „uslugi.gov.mk“

Регистар на авторизации, е новата, олеснителна можност за компаниите што се размислува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регистар на авторизации, е новата, олеснителна можност за компаниите што се размислува да биде воведена на Националниот портал „uslugi.gov.mk“, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Со тоа ќе се овозможи, како што објасни, не само одговорните, туку и други, овластени лица од фирмите да имаат пристап на порталот во име на компанијата и да ја добијат услугата што им е потребна.

-Размислуваме да се подобри порталот за компаниите, да можат овластени лица од компаниите да настапуваат како компанијата. Тоа го нарековме Регистар на авторизации. Досега, и во моментов е така, само одговорното лице во компанијата (управителот) може да пристапи на порталот во име на компанијата и да добие некаква услуга. Но, се соочуваат, особено поголемите компании, со тоа да им е потребно некои други лица да авторизираат за да може да го користат порталот наместо нив. Работиме на тоа подобрување. И секако, почнува ИПА проектот од септември, очекувам многу нови услуги со ИПА проектот и како што ветив, 50-тина нови услуги што ние ќе ги развиваме, информира министерот.

null

Тој потсети и дека околу 60 нови услуги од десетина институции ќе бидат дигитализирани, за да се намали потребата од физичко присуство на шалтери, да се скратат административните процедури и да се олесни пристапот преку националниот портал. Се чека институциите да го завршат својот дел со оптимизирање и со скратување на процедурите, по што услугите ќе бидат достапни на „uslugi.gov.mk.“

Реклама

-Минатата недела се одржа состанок со премиерот, ресорните министри и директори за поедноставување на стотина административни постапки. Ние направивме мапа во Министерството од 60 постапки, односно 60 услуги за граѓаните од десетина институции ќе бидат дигитализирани во периодот што следи. Се чека институциите да го завршат својот дел со оптимизирање и со скратување на процедурите, по што услугите ќе бидат достапни наuslugi.gov.mk, рече Андоновски.