Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Продолжува долгогодишната традиција – свечено испраќање на учесниците на 48. Илинденски коњички марш

Општина Аеродром денеска ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром денеска ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест на македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден.

Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општината како симбол на поддршката и почитта кон нивната посветеност во негувањето на македонската традиција, историското наследство и илинденските вредности.

По свеченоста, како што информираат од Општина Аеродром, коњаницата ќе се упати кон храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што со почеток во 18:30 часот ќе се одржи централната свеченост и официјалното испраќање на учесниците кон славното Крушево.

Реклама

Од Општина Аеродром ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање и заедно да им оддадат признание на коњаниците, кои веќе 48 години ја негуваат оваа значајна традиција и го пренесуваат духот на Илинден, патриотизмот и љубовта кон татковината.