Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Продолжуваат инфраструктурните активности во населени места во Општина Маврово и Ростуше

Општина Маврово и Ростуше продолжува со инфраструктурната „офанзива” со цел создавање што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше продолжува со инфраструктурната „офанзива” со цел создавање што подобри услови за жителите и туристите, кои се сѐ побројни.

-Согласно програмските определби, на терен интензивно се работи на поплочување, санација, проширување и реконструкција на локалните патишта и улици во неколку населени места, меѓу кои Битуше, Скудриње и Жировница, рече Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање. 
 
Според него, во исто време, се врши уредување на локациите каде што се поставени контејнерите за собирање смет и друг комунален отпад, со цел подобра хигиена и поуредена животна средина. 

Реклама

– Во тие рамки Јавното претпријатие за комунална дејност спроведе акција за собирање и отстранување на кабаст отпад и шут оставен покрај контејнерите во Маврово, Никифорово и Леуново. Ваквите активности продолжуваат, нагласува Ибраими. 
 
Посочува дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со исто темпо и посветеност да ги решава секојдневните предизвици и проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани, обезбедувајќи подобри услови за живот за сите.