Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прогласена епидемија во Гостивар

Прогласена епидемија во Гостивар. Причината е нагло зголемениот број на заболени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прогласена епидемија во Гостивар. Причината е нагло зголемениот број на заболени од гастроентеретис и надминувањето на епидемиолошкиот праг на неделно ниво. Во тек се анализи за утврдување на причните за епидемијата, се испитува дали појавата е повзрана со загадувањето на водата од градскиот водовод.

Ова доаѓа откако поради симптоми на стомачен вирус, во Гостивар има над 350 прегледи за едно деноноќие, од кои тројца се примени на болничко лекување. Од вчера во осум часот наутро до денеска во истиот период имало 204 прегледи на Инфективното одделение. 140 прегледи имало на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контроли. Деветмина биле на преглед во Ургентниот центар.

-Мерките за контрола и превенција се цело време активни, она што дополнително би се добило преку пријавувањето на епидемијата е подобра координација и комуникација на сите чинители, односно на сите надлежни институции. Морам да дадам исто така апел до населението во Гостивар, да соработува со луѓето кои им се јавуваат за епидемиолошко анкетирање и да ги слушаат препораките на здравствените власти, во однос на давањето на мостри, изјави Драган Кочински, раководител на одделот Епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ.

Реклама

Наместо туш, влажни марамици, водата во Гостивар не е за каква било употреба, Ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за капење. Додека надлежните не дадат други препораки, не смее да се користи нути за превривање. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат, за  што и да треба да се користи флаширана вода.

-За миење заби користете исклучиво безбедна вода – флаширана. За туширање и капење да се користи безбедна вода – флаширана или превириена вода, но, да се внимава водата да не се голта. Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба. Избегнувајте подготовка на храна што не се готви доколку не може да се користи безбедна вода. Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење, велат од ИЈЗ.

Епидемиолозите советуваат да не се споделуваат чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на стомачна инфекција. Од ИЈЗ и со препораки за рестораните, кафулињата и угостителските објекти. Да не се користи водата од градскиот водовод за подготовка на пијалаци, миење овојшје и зеленчук, за подготовка на храна да се користи сторко флаширана вода, а да не се користат машните за мраз.

-Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку четири литри вода по лице на ден. За пиење користете фабрички пакувана вода – флаширана вода. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук што се консумираат свежи, подготовка на мраз, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња, велат од ИЈЗ.

На терен се и обвинителите кои се во постојана комуникација со ИЈЗ. Повеќе информации најавуваат по добивањето на резултатите за квалитетот на водата.

Надлежните велат дека во тек се епидемиолошко истражување и активно следење на нови случаи, микробиолошки испитувања на примерови од пациенти, испитувања на примероци од водата и процена на можните извори на зараза, надзор на водоснабдувањерто и санитарно хигиенските услови.

Матеја Петровски