Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Прилепчани пијат исправна и квалитетна вода

Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје и од ЈП „Водовод и канализација“ од Прилеп.

Од почетокот на јули досега, Центарот за јавно здравје кој секојдневно прави анализи на водата за пиење во Прилеп, се земени 55 примероци на вода за пиење од градскиот водовод, берз разлика на потеклото на водата, дали е од регионалниот водовод „Студенчица“ или е од градските извори. 

-Моментално состојбата покажува дека сите примероци имаат резидуален хлор во границите на дозволеното, на законските прописи и сите примероци се бактериолошки исправни, категоричен е д-р Петар Оханесијан, специјалист, раководител на одделот за хигиена при Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Реклама

Од ЈП прилепски „Водовод и канализација“ ја потврдуваат строгата контролана водата за пиење, зашто располагаат и со своја лабораторија.

-Прилепчани пијат квалитетна и исправна вода. Исправноста се контролира од Центарот за јавно здравје со кој ЈП „Водовод и канализација“ има склучено договор за контрола на квалитетот на водата. На дневна основа, од седум мерни точки од Општината се земаат примероци и се испитува квалитетот на водата. Досега резултатите покажуват дека водата во водоводниот систем е исправна и е квалитетна за пиење и за употреба, вели в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Ѓоко Јошкоски. 

Претпријатието има и своја лабораторија за испитувањето на квалитетот на водата и ништо не остава на случајот. А што се однесува до потрошувачката и дарежливоста на системот „Студенчица“, од ЈП „Водовод и канализација потврдуваат дека има доволно вода иако потрошувачката во жешкиот период е зголемена за 30-тина проценти, а со тоа се јавуваат и дефекти.

-Од ЈП „Студенчица“ добиваме од 250 до 260 литри вода во секунда, а на располагање се и сопствените извори. Во жешкиот период потрошувачката стигнува и до околу 400 литри вода во секунда. Апелираме на рационална потрошувачка, а ние сме подготвени за секаква ситуација, вели Јошкоски.