Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Прво рекоа постигнале договор за струјата со Бугарија, сега признаваат дека не е така: Бектеши и Пендаровски во Софија преку Фон Дер Лајен се молат за поевтина цена

Бектеши ќе купува струја од Бугарија, ама само ако цената е до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бектеши ќе купува струја од Бугарија, ама само ако цената е до 200 евра за мегават час . Откако пред нецел месец Премиерот Ковачевски   и министеот за економија помпензно  се пофалија дека дека Бугарија ќе го спасува македонското стопанство и остануваше да се договорат само технички процедури, сега  Министерот за Економија призна дека не му одговара цената што ја нуди Софија, па немало да троши пари на граѓаните за да се плати повисока цена.

Тој денеска заедно со Пендаровски среде Софија, ја молеа шефицата на Европската комисија Фон Ден Лајен да ни помогне  бугарските власти да прифатат да ни дадат струја по цена што нас ни одговара.  Ако Бугарија не прифати да ни продаде струја по фиксна цена , ќе сме се снајделе со домашни капацитети. А како кога немаме доволно?

Доколку Република Бугарија ја прифати нашата понуда за откуп на електрична енергија по фиксна цена од 200 евра за мегават час, колку што може да поднесе нашето стопанство, можеме да постигнеме договор, но доколку тие инсистираат да плаќаме по цената која е на берза, нема да се согласиме и ќе продолжиме со нашите домашни капацитети, истакна Бектеши во телевизиско интервју на ТВ Алсат.

Реклама

Никому не му е јасно како преку домашните капацитети, со оглед на фактот дека Македонија во нормални услови увезува 30 проценти елекрична енергија за да го задоволи пазарот.  

Експертската јавност со месеци наназад алармира дека е потребно зголемување на домашното производство зошто поинаку во текот на зимата можно е да се соочиме со недостаток на струја . Бизнисите пак упорно бараат мерки и олеснување на процедурите за фотоволтаици – добија олеснета процедура, но предоцна.

Наместо да се олеснат процедурите во јуни, ние сега ги даваме кога нема сонце, скап е гас , скапа е нафтата. Ако претседателот знаел дека ќе има конфликт, зошто мне се потпишаа договори по тие цени за да не дојдеме во ситуација да плажаме баслосовно, за што се поставени ако не можат да направат стратегија, вели бизнис аналитичарот Синиша Пеќевски.

Додека ја условуваме Бугарија, Владата бара струја на сите страни .Нашите власти пробаа да најдат и во Турција, но и овие преговори  пропаѓаат бидејќи на Бектеши никој не  му гарантирал дека компаниите ќе сакаат да ја купат по цена од 250 евра за мегават час – како што нуди Турција, па товарот ќе падне целосно на државата.  Владата понуда однесе и во Србија  која предвидува размена на гас за електрична енергија. Српските власти уште не дале одговор.

Повеќе од јасно е дека струјата за домаќинствата ќе поскапи од јануари, ама Бектеши пак смирува со чудни планови.  Вели ако му успеело тоа што го зацртал за да се задоволат потребите на ЕСМ , струјата немало да поскапи. Одново вртење во круг.

Кристина Алексиеска