Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Бизнис

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Германскиот трговски гигант „Лидл“ ќе инвестира 200 милиони евра во Македонија. Денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германскиот трговски гигант „Лидл“ ќе инвестира 200 милиони евра во Македонија. Денеска ја започна изградбата на новиот продажен објект во Струмица. Оваа инвестиција ќе значи нови вработувања, заживување на југоисточниот регион и забрзан економски раст на земјава. Освен тоа што Лидл ќе ја прошири понудата на трговски и производи за широка потрошувачка, ќе создаде и можност за соработка со локалните производители на овошје и зеленчук. Првите Лидл маркети треба да бидат отворени околу Нова Година.

„Исто така сум убеден дека Лидл Македонија тука но и пошироко ќе ги препознае најдобрите производи од Струмица и струмичко, најдобрите раноградинарски работи се произведуваат токму тука и сум убеден дека бројни производи од струмичкото поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе, не само во Македонија, туку и во целиот регион“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Владата ги поддржува странските инвеститори, но и го подобрува инфраструктурното поврзување на југоисточниот регион. Проектот за изградба на експресен пат од Радовиш, преку Струмица и Ново Село до бугарската граница е во фаза на развој. Веќе е објавен тендер за избор на изведувач за изработка на сите потребни еколошки, социјални и физибилити студии, предпроектирање и проектирање.

Реклама

„Тоа ќе е нов тип на експресен пат, каде што ќе имаме две плус две ленти со простор помеѓу двете ленти. Значи, нешто слично на она што сега го нарекуваме автопатско решение Тетово-Гостивар или нешто слично на она што го имаме сега кај Дреново-Фариш, значи едно практично автопатско решение коишто ќе треба да ги поврзува Радовиш, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Со владина поддршка се реализираат и бројни локални инфраструктурни проекти во струмичко. Вицепремиерот Николоски беше на увид во Просениково, а истовремено се градат и фекално-канализациони системи во Моноспитово во општина Босилово и Градошорци во општина Василево.