Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Почна Мониторинг-мисијата на WBIF во Македонија – Беким Сали: Фокус на ефикасна имплементација и конкретни резултати за граѓаните

Министерството за европски прашања (МЕП) беше домаќин на состанокот на високо ниво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за европски прашања (МЕП) беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој почна Мониторинг-мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите.

Во своето воведно обраќање, информира МЕП, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека WBIF останува еден од најзначајните инструменти за поддршка на економскиот развој на државата, регионалната поврзаност и процесот на европска интеграција.

-Нашата одговорност не завршува со обезбедувањето финансиски средства. Вистинската мерка за успех е имплементацијата. Секој реализиран проект значи повеќе можности за граѓаните, поконкурентна економија и повисок квалитет на живот, истакна министерот Сали.

Реклама

Тој нагласи дека мониторингот треба да се гледа како стратешка алатка за управување која овозможува навремено препознавање  предизвиците, поефикасна институционална координација и носење одлуки базирани на резултати.

-На состанокот беа разгледани клучните предизвици во спроведувањето на инфраструктурните проекти, вклучително и капацитетите на единиците за имплементација на проекти, постапките за јавни набавки, промените во опфатот на проектите, меѓуинституционалната координација и административните процедури за издавање дозволи и одобренија. Сали истакна дека Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст воспоставија постратешки пристап кон планирањето на инвестициите, додека фокусот во наредниот период треба да биде насочен кон зголемување на ефикасноста на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните, соопшти МЕП. 

Посочува и дека учесниците ја потврдија заедничката посветеност за зајакнување на механизмите за мониторинг, унапредување на институционалните капацитети и забрзување на реализацијата на стратешките проекти кои придонесуваат за економски развој и за напредокот на државата кон членство во Европската Унија.

-Мониторинг мисијата на WBIF ќе продолжи и во наредните два дена со тематски состаноци посветени на транспортот, енергетиката и животната средина, како и со теренска посета на проектот за Пречистителна станица за отпадни води во Скопје, се наведува во соопштението од МЕП.