Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Започна изградбата на нов мост на реката Брегалница во Штип, со која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна изградбата на нов мост на реката Брегалница во Штип, со која новата обиколница ќе се поврзе со регионалниот пат Штип – Радовиш, кај Ново Село. Станува збор за инвестиција на Општина Штип, вредна над еден милион евра, која треба да овозможи урбан и економски развој на овој дел од градот. Изградбата на мостот е клучна за ставање во функција на новата обиколница, на која интензивно се работи.

„Паралелно на изградбата на овие сообраќајници се прават детални урбанистички планови за да се овозможи иден развој на овој потег со зона за домување, зона за лесна индустрија, со зона за деловни објекти, што ќе придонесе за ширење и развој на градот Штип“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Изградбата на новиот мост е само дел од поширокиот план за развој на сообраќајната инфраструктура во Штип. Во план е изградба на уште еден мост, со што ќе се поврзат населбите Баби и Македонка. Овој проект, кој штипјани го очекуваат со години, треба да воспостави директна врска меѓу двата излези од градот.

Реклама

„Во завршна и финална фаза е проектирањето на уште една ваква сообраќајница со нов мост на реката Брегалница, тоа е помеѓу населбите Баби и Македонка, која верувам дека во 2027 година ќе почне да се работи. Инаку, верувам дека до крајот на годината ќе биде готова новата обиколница, која ќе ги поврзува населбите Плуждино и Железничка“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Новите сообраќајни решенија треба да го отворат и развојниот потенцијал на овој дел од Штип, кој досега беше недоволно искористен. Со обиколницата, која се гради со средства од унгарскиот кредит, тука се отвора простор за нови станбени и деловни зони, трговски објекти и лесна индустрија, со што градот ќе добие можност за понатамошно ширење и развој.