Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Македонија активно работи на спроведувањето на Стратегијата 2024-2028 за реформа на правосудството,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија активно работи на спроведувањето на Стратегијата 2024-2028 за реформа на правосудството, се вели во најновиот извештај на Европската комисија посветен на Владеењето на правото.

Во извештајот се нотирани, очекувано проблемите во судството, коишто ја отежнуваат реформата, а меѓу предизвиците е посоченo доцнењето со судските постапки, особено за случаите со висока корупција.

Реклама

И покрај неодамнешните напори за истрага и гонење на корупцијата, доцнењето на судските постапки, ретките правосилни пресуди и ограничените ресурси и понатаму ги попречуваат резултатите во предметите за висока корупција. Државната комисија за спречување на корупцијата презеде чекори за враќање на довербата на јавноста во институцијата, додека Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси моментално се ревидира„, пишува во извештајот.

Во извештајот е посочено дека Собранието усвоило нови измени на Законот за Советот на јавни обвинители со цел да се зајакне автономијата на обвинителската служба, но истакнато е и дека потребни ќе бидат и дополнителни измени во законското решеније. ЕК констатира и дека  Собранието усвоило и нов Закон за Судскиот совет со цел негово усогласување со европските стандарди.

Во делот на извештајот што се однесува на слободата на медиумите, констатирани се притисоци од поединсци врз новинари.

Новинарите се соочуваат со притисоци од политички актери, зголемено онлајн насилство и закани преку тужби од типот SLAPP, додека нивните работни услови не се подобрени“, се вели во извештајот.

Во извештајот нотирани се и предизвиците во однос на финансиската и кадровската состојба на Канцеларијата на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Позитивни се оценките за  Уставниот суд, за кој пишува дека работи во подобрени капацитетите за заштита на уставноста и законитоста.

Владата продолжува со напорите за зајакнување на соработката со организациите на граѓанското општество, се заклучува во извештајот.