Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Повторно одложени рочиштето за адвокатот Тони Менкиновски за поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш

Повторно одложен судскиот процес против адвокатот Тони Менкиноски кој се најде на обвинителна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно одложен судскиот процес против адвокатот Тони Менкиноски кој се најде на обвинителна клупа затоа што за време на христијанскиот празник Водици го постави 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш на бедемот од Самоиловата тврдина кај Долна Порта.Овој пат главната расправа се одложи и тоа на неопределено време, поради бледување на судијата кој постапува по предметот.Иако судењето не се одржа,не изостана поддршката на Менкиноски,пред охридскиот основен суд се виореја македонски знамиња.

  • “Сакам да му дадам поддршка овде пред судот,со народот јас имам 88 години. -Сакаме да му порачаме и на македонските власти и на целиот свет дека од ова наше државно,национално знаме никогаш нема да се откажеме и тоа ќе остане засекогаш нашиот вечен симбол кој што ќе ја претставува нашата држава.Уште еднаш се срамиме што власта превзеде ваков непопуларен потег да еден македонски патриот кој ги брани македонските интереси да биде изложен на судење.-Ако имавме правна држава, ќе имавме и држава,ова се’ е замислено и политички наместено”

Инаку во судницата повторно не се појави оваластено лице од МВР кое ќе го образложи обвинението,а согласно закон мора да присустува -појаснува Менкиноски кој сам се брани. Судењето се одложува по трет пат оти судијата се разболел,доколку имаа доблест предметот можеше да го води друг судија,а нас навремено да не известат.

  • “Него сега е целта да се калкулира со овој предмет да не се будат страстите кај македонците,очигледно им е страв бидејќи не знаат како да се справат со овој предмет.Од една страна сакаат да ме осудат, не сакаат да донесат ослободителна пресуда, а според правото треба да донесат бидејќи тој што го иницирал го нема да се појави и да образложи во судницата.Tоа е она што се случува, за жал македонското правосудство е катастрофа”-вели Менкински

Нас ни е целта да извојуваме победа ,македонското сконце од Кутлеш да се вее слободно над секој кој себеси се идентификува како македонец и кој овој знак го смета за свое културно, историско и национално наследство.Не смееме да дозволиме да стане пракса да ни забранат да го истакнуваме ова сонце, ќе одиме до Стразбур и други меѓународни институции како Обедните нации, рече Менконоски кого го товарат за нарушување на јавен ред и мир за време на верскиот празник Водици.Ова е првото дело,потоа ќе следи и друго кога на обвинителна клупа ќе седнат повеќе македонци кои на 27-ми април го развиорија знамето со сонцето од Кутлеш во знак на поддршка на уставобранителите.

Реклама

Росица Голабоска