Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: Двојните стандарди на СДСМ, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.

Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДСМ е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари.

Реклама

СДСМ, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници.

Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани.

Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДСМ, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период.

Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење.

Почитувани,

Токму тоа се двојните стандарди на СДСМ, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита.

Граѓаните гледаат дека за СДСМ, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер.