Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Пелагонските сточари се уште ги чекаат субвенциите за лани предаденото млеко и по грло добиток; Собирањето на сточната храна – неизвесно -

       Пелагонските сточари повторно оставени на чекање. Ништо од ветувањата дадени уште на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Пелагонските сточари повторно оставени на чекање. Ништо од ветувањата дадени уште на почетокот на април дека до крајот на мај ќе им бидат исплатени субвенциите за лани предаденото млеко, како и по грло добиток. Сега, тие немаат пари за тековните земјоделски работи, а капак на се’, биле и неповолните временски услови кои особено негативно влијаат на собирањето на сточната храна.

  „Субвенциите беа ветени дека до крајот на мај ќе ги добиеме за девет месеци по литар предадено млеко. Од тоа нема ништо. Сега имаме голем проблем со преголемите дождови. Сета храна што треба да ја собереме за стоката, мораме дупли трошоци да правиме, да ги мелеме во сенажа. А сенажата е многу скапа работа. Еден хектар чини 250 евра само комбајнот, плус другите трошоци“, вели ТОНИ ПЕТКОВСКИ, сточар од с. Велушино, битолско.

    Според Петковски, ако во најбрзо време не им бидат исплатени субвенциите, многу сточари ќе останат без храна за стоката, а која треба да се собере најдоцна во овие 25 дена. „Тоа негативно ќе се рефлектира на и онака намалениот сточен фонд, кој ќе продолжи да се намалува, но и на количините домашна храна за луѓето која ќе ја има сепомалку“, предупредува Петковски.

Реклама

   „Моментално, иди од еден хектар од 8.00 до 1.000 евра за да се сомеле. А тоа ни е последна шанса што досега помалите сточари таа работа не ја правеа, а сега сме принудени. Во маркетите ќе имаме некоја заразена увозна или полска, или унгарска или било која храна. Нема да најдеме македонско производство“, – објаснува Петковски.

   Инаку, пелагонсиките сточари на оваа состојба предупредија уште пред речиси два месеци кога организираа и мирен протест пред битолската ПЕ за земјоделие и побараа итна исплата на заостанатите субвениции, како и на персоналниот данок за две години. Тогаш, од Платежната агенција ни беше речено дека дека во соработка со АХВ во тек била постапката за утврдување на веродостојноста на пријавените грла добиток и дека кај 424 сточари на ниво на Македонија биле утврдени извесни неправилности. „Прво се исплаќа основното стадо, а дури потоа субвенциите за млеко. Откако ќе ги расчистиме сите овие контроли и мерки, ќе пристапиме кон решавање на субвенциите за млеко“, ни рече во април, директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, без да прецизира кога точно ќе се случи тоа.  

Каролина Дурло