Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Пелагониските житопроизводители бараат државата да ги откупи сите заостанати количини на жито

Наместо да увезува поскапо жито од Србија за да ги полни Стоковите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да увезува поскапо жито од Србија за да ги полни Стоковите резерви, државата треба под итно прво да го откупи македонското жито кое со месеци скапува во нашите амбари, бараат пелагонсиките производители на пченица.

   „Ова треба да се направи веднаш, бидејќи сега е време кога треба да се прави втората прихрана на пченицата, дури веќе е и задоцнета, а задоцнета е од причини што луѓето немаат финансиски средства зашто пченицата не им е предадена. Луѓето сега се доведени во ситуација да не бараат којзнае каква цена, туку бараат цена со која може да се покријаат барем производните трошоци и трошоците за складирање, тоа некаде е некоја цена околу 22 денари“, – кажа СТЕВАНЧЕ ЈОРДАНОСКИ, производител на жито од с. Мажучиште.

   Според неофијалните информации кои ги имале овие луѓе, увозот на поскапата пченица за Стоковите резерви траел повеќе месеци и тоа по цена од 24-25 денари, а додека во македонските амбари имало уште најмалку од 7.000 до 10 илјади тони, која македонските земјоделци се подготвени да ја дадат по цена од дваестина денари, бидејќи досегашните загуби им се огромни.

Реклама

  „Не ја предадовме пченицата зашто млинарите не можеа да ни ја платат во кеш тогаш, а ако млинарите ја откупеа тогаш по таа цена, па сега да ја мелат и да ја продаваат, и тие ќе немаа сметка. Сега бараме државата да ни ја откупи по реална цена, да биде и за државата добро, а и за нас“, – вели ТОДЕ ЛАЗАРОВСКИ од с. Ивањевци.

 „Имам жито за предавање околу 80 тони, не ни е откупено и така стој. Бараме барем по двесетина денари да ни го откупат житото. Загубивме, плаќавме 2.400 денари тарана 50 кила, а сега плаќаме 25 кила – 1.200 денари. И нека пресмета министерот колкава е загубата, тој е поучен, јас сум со 4-то одделение, не знам, па тој нека пресмета. И житото ќе остане и нема да се произведува“, – рече ДИМЧЕ БЕЛЕВСКИ од Могила.

  Житопроизводителите велат дека мерките од Владата за намалување на цената на лебот се погрешни, особено што цената на житото била вратена назад дури за 10 денари. Тие тврдат дека тоа отишло на директна штета на земјоделците, што пак, перспективно ќе резултирало со се’ поголем недостиг на храна во земјава.

   За овие наводи, одговор побаравме директно од Владата. Оттаму ни беше речено дека штом ќе ги комплетирале сите податоци за состојбите со пченицата во Стоковите резерви, информацијата ќе ни биде доставена.

Каролина Дурло