Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Свет

Папата изрази загриженост поради интензивирањето на нападите на Блискиот Исток и ја осуди војната во Украина

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во денешната велигденска порака „До градот…

Сподели:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во денешната велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) ги осуди бројните „камења на сопнување“ на патот кон мирот во светот, од Украина преку Блискиот Исток до меѓународниот тероризам. Пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата ја изрази својата „силна загриженост“ поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат „дијалогот“ меѓу Израелците и Палестинците.

Како и минатата година, во неговата порака даде посебно место имаше војната во Украина.

  • Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства, рече папата и ја повика меѓународната заедница „да стави крај на оваа војна, како и на сите крвави конфликти во светот“.

Наведувајќи околу 20 земји, водачот на 1,3 милијарди католици зборуваше за Либан „кој сè уште бара стабилност и единство“, Тунис и „неговите (социјални и економски) проблеми“, „тешката социо-политичка и хуманитарна криза“ на Хаити и за „жртвите на меѓународниот тероризам“ во Буркина Фасо, Мали, Мозамбик и Нигерија.

Реклама

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра.

Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

Папата Франциск (86) синоќа отслужи Велигденско бдение во базиликата Свети Петар во присуство на околу 8.000 луѓе. Минатата недела папата помина три дена во болница поради бронхитис, а поради болки во коленото се движи во инвалидска количка.