Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Османи сосема непотребно ја фрли Македонија во огнот меѓу Србија и Косово- чии интереси брани првиот дипломат?!

Бујар Османи сосема непотребно ја фрли Македонија во огнот меѓу Србија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи сосема непотребно ја фрли Македонија во огнот меѓу Србија и Косово. Додека другите земји од регионот засега држат дистанца во однос на последните инциденти, првиот човек во македонската дипломатија порача дека размислувал Македонија да го напушти Отворен Балкан, ако се покажело дека Србија како држава има некаква вмешаност во инцидентите во Северно Косово. Поранешниот амбасадор Јован Донев за АЛфа вели дека од Владата мора да кажат дали ова е нејзин официјален став или само личен на министерот. Истот треба да го стори и Стево Пендаровски.

Во овој случај прашањето е дали зад таа изјава на Бујар Османи стојат Стево Пендаровски и Ковачевски. Дали тоа е договорена изјава на државниот врв задолжен за водење на надворешната политика или е негова лична изјава со цел да ги зајакне позициите на Косово во судирот со Србија, изјави Донев.

Однесувањето на министрите на ДУИ, пред се на Османи остава впечаток дека за нив, е е приоритет Македонија чии институции преставуваат, туку Косово.  Бујар Османи воопшто не го интересира Македонија, доказ за тоа се и неговите постапки во однос на спорот со Бугарија, вели за Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев.

Реклама

Бујар Османи не го интересира Македонија и тој не работи за Македонија, во односите со Бугарија, тоа јасно се гледа. Тоа е прашање на коалицијата, тоа не е прашање на граѓаните, изјави Донев.

Инаку, Османи порача дека Македонија би требало да размисли за напуштање на Отворен Балкан, ако се докажело дека Србија има вмешаност во инцидентите во Косово.

-Ова што се случи во Северно Косово со нападот, се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже мислам дека ние треба да преиспитаме наше учество, изјави Османи.

Ова не е прв пат министрите од ДУИ јавно да кажуваат дека повеќе се грижат за Косово отколку за Македонија. Пред две години првиот вицепремиер се пофали дека приоритет на првиот човек во македонската дипломатија било Косово.

Апсолутно да, прашањето за Косово е на приоритетната листа на господинот Османи, исто така е приоритет на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија. Разговаравме за ова со госпоѓата Вјоса Османи, дека секогаш ќе ја имаат нашата поддршка, без разлика дали сум јас како заменик-премиер, или министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, бидејќи Косово е наш приоритет, изјави Груби на 23.03.2021-ва година.

Љубовта кон Косово не ја крие ниту вечниот лидер на ДУИ, Али Ахмети, кој порача дека тоа била света земја, за чија независност го посветил својот живот.

Матеја Петровски