Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Општина Ѓорче Петров издвојува 2.720.000 денари за културни проекти во 2026 година

Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди 2.720.000 денари за поддршка на проекти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди 2.720.000 денари за поддршка на проекти од областа на културата во 2026 година, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.

Со предвидените средства, како што информираат од локалната самоуправа, ќе биде реализирана разновидна културна програма наменета за сите генерации, со цел збогатување на културниот живот во општината и поттикнување на креативното изразување.

Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување.

Реклама

Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека остануваат посветени на развој на динамична културна сцена, поддршка на локалните иницијативи и создавање можности за достапна култура и активен јавен живот за граѓаните.