Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Новинарските здруженија, колегите новинари, ААВМУ, сите го осудија односот на Ковачевски и Битиќи

Не постојат некоректни прашања,  постојат некоректни одговори .  Избраните и именуваните лица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постојат некоректни прашања,  постојат некоректни одговори .  Избраните и именуваните лица додека земаат државна  плата се должни да стојат и да слушаат новинарски прашања – новинарските здруженија и познавачите остро го осудија односот на вицепремиерот и Премиерот кон новинар на Алфа Телевизија :   

Нејасно е зошто е ваквото  дрско однесување на вицепремиерот , кога новинарот јасно укажа дека прашањето се однесува на став дали Ковачевски е спремен ДУИ како партија да добие премиер и претседател  а воопшто не беше споменета етничка припадност . Според познавачите ваквата нервоза се должи на тоа што власта не знае како да се справи со моменталната политичка ситуација.

Нема некоректни прашања, има некоректни одговори.  Тие се свесни за состојбата во која се наоѓшаат, немаат знаење а немаат ни волја за разрешување на политичката криза . Во комбинација на не знаење и недостатог за волја имате вакво однесување на лица кои се избрани , да може да реагира на вистиснски начин .  Потегот на Битиќи е малку дрзок, а е инициран од тоа што се однесува прашањето на ДУИ , а тој како припадниик на албанската етничка заедица очигледно не му се допаѓаат прашањата , коментира Сафет Бишевац во емисијата „ За или против “в на Алфа ТВ

Реклама

Одговорот кој пак го даде премиерот во кој споменува појава на модерен фашизам  предизвикува говор на омраза и прекршување на Уставот  реагираат од МАН . Тие бараат обвинителството веднаш да отвори предмет по допрен глас

Битиќи може слободно да се откаже од државната плата и на тој начин нема да мора да ги слуша прашањата . Очекуваме да се извини на колегата Матеја Петровски . Втората работа е што премиерот одговорајќи на тоа прашање истури еден куп клевети, прекршувајќи го Уставот , прекршувајќи ја европската конвенција . Не само што се нарушува угледот на новинарот туку и се загрозува неговата безбедност, нарекувајќи го Матеја Петровски фашист, го повикувме Обвинителството уште понеделник да постапи , вели Ивона Талевска претседател на МАН .

Новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а вчерашното прашање на репортерот од Алфа Телевизија беше искористено од Битиќи за некоректно однесување кон него , реагираа од ССНМ и ЗНМ  

             

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија предупредуваат дека овој начин на комуникација мора да запре затоа што новинарските прашања се професионална задача на репортерите, а одговорите се обврска на избраните функционери кои им ги должат на граѓаните, реагираа од ССНМ и ЗНМ .

Осуда за односот кон новинарот на Алфа стигна и од ААВМУ

Носителите на јавна функција треба да вложат максимални напори да дадат одговори на сите новинарски прашања кои се од интерес на јавноста, и истовремено да покажат почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници, велат од ААВМУ.

 Дрскиот однос кон новинарите од Владата не е новина  . Изминатиот период се случи премиерот да избегнува одговори , па дури и да етикетира медиуми, а во кавги со новинарите по прашања кои не им се допаѓаа влегоја и останати владини министри .

Кристина Алексиеска