Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Невреме со силен ветер и дожд го зафати Куманово

Невреме проследено со силен ветер и дожд го зафати Куманово попладнево. Граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невреме проследено со силен ветер и дожд го зафати Куманово попладнево. Граѓаните јавуваат за паднати дрвја и бандери, како и за откорнати лимени кровови во централното градско подрачје и во близина на поранешниот „Минимаркет“. 

Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека сите расположливи екипи се мобилизирани.

– Екипите веќе се на терен, мобилизирани се не само од ‘Чистота и Зеленило’, туку и од другите јавни претпријатија-изјави Томиќ.

Реклама

Командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, Борис Станковски, информираше дека пожарникарите интервенираат на отстранување на откорнати покривни конструкции на булеварот „Октомвриска револуција“, во централното градско подрачје и на уште една локација.

Интервенции има и екипите на ЈП „Водовод“. Директорот Игор Липковски изјави дека нивните служби постапуваат на булеварот „Октомвриска револуција“, на улицата „Никола Тесла“, како и на уште неколку локации низ градот. 

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека екипите на јавните комунални претпријатија и ТППЕ се на терен за санирање на последиците од невремето.

-Доколку на кој било граѓанин на Куманово му е потребна помош за санирање на последиците од невремето да пријават кај овластено лице од општината на телефонски број 071/ 338-034 За итни интервенции на дежурниот телефон на ТППЕ Куманово 193-повика Димитриевски.