Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Силен ветер, пороен дожд и град за неколку минути направија пустош низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силен ветер, пороен дожд и град за неколку минути направија пустош низ Струмица , Делчево, Радовиш, Дојран и Куманово. Урнати дрвја и бандери, уништени возила и оштетени електрични кабли се само дел од последиците што зад себе ги остави невремето. Градоначалникот на Делчево во изјава за Алфа вели дека невремето предизвикало голема штета. Во градот има големи наноси на кал, земја и паднати дрвја:

Е настаната материјална штета во градот, овде станува пред се збор за оштетени кровни конструкции на колективни станбени згради и на семејни домови, имаме на повеќе места веќе регистрирано такви проблеми, од каде што граѓани бараат помош и поддршка за расчистување на паднатите ќерамиди и на паднатиот лим. – изјави Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево.

Надлежните велат дека како локална самоуправа активно работат на терен за расчистување на ситуацијата.

Реклама

Нашите екипи на Јавното претпријатие Брегалница од Делчево и на нашата територијална противпожарна единица работат на терен и веќе се нормализира ситуацијата и се очекува до крајот на денот да ја ставиме комплетно под контрола. – порачува Гоцевски.

Последици од невремето има и во останатите погодени подрачја, меѓу кои штети на инфраструктурата,  паркирани возила и прекини на снабдувањето со електрична енергија. Локалните и комунални служби преземаат активности за нормализирање на состојбата, а првичните проценки за материјалните штети ќе бидат познати откако ќе завршат увидите на надлежните служби.