Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

Летните горештини повторно претставуваат сериозен проблем во Македонија. Во изминатиот период беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летните горештини повторно претставуваат сериозен проблем во Македонија. Во изминатиот период беа регистрирани повеќе пожари на отворен простор, кои зафатија шуми и земјоделски површини, а секојдневно интервенираат пожарникари и доброволци. Институциите велат дека годинава располагаат со повеќе опрема, дополнителни човечки ресурси и засилена координација меѓу службите. Посебен акцент се става и на вклучувањето на доброволните пожарнкари, со цел во текот на летото да има на располагање најмалку 120 доброволци.

„Ова лето, ангажманот на полицијата и армијата во делот на човечки ресурси да биде сведен на минимум, односно да се потпреме на доброволците кои што поголем дел од нив имаат извнодредна обука и уште подобро искуство. Сите тие имаат учествувано во гасење на многу пожари на отворен простор. Ангажман на доброволни пожарникари наместо на полиција и армија.“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС

Од чувство на одговорност, солидарност и желба за заштита на луѓето и природата, доброволните противпожарни друштва се вклучуваат во гаснењето пожари без никаков финансиски надоместок. Исклучок се само членовите кои се дел од тимовите за брз одговор, кои добиваат финансиски средства.

Реклама

„Ние работиме без пари, освен оние кои што се во тимовите за брз одговор. Ние единствено бараме средства и финансии за да можеме да ги одржуваме и сервисираме нашите возила, да набавуваме опрема, храна. Кога одиме сами и правиме обуки и вежби, да можеме да ги истрпиме тие финансиски издатоци.“, изјави Александар Анѓелески, секретар на ДПД Битола.

Надлежните предупредуваат дека високите температури, ниската вегетација и ветерот значително го зголемуваат ризикот од брзо ширење на пожарите. Апелираат на максимална внимателност и одговорно однесување од страна на граѓаните, никогаш во текот на летото да не палат оган на отворен простор и секој забележан пожар, навремено да се пријави.