Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Нема промени во македонската принципиелна позиција во однос на пристапниот процес кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема промени во македонската принципиелна позиција во однос на пристапниот процес кон ЕУ. По реакциите во јавноста за ставот на шефот на македонската дипломатија,  дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, соопштен на прес-конференција и толкувањата дека Скопје ја менува својата позиција, Муцуснки вели дека токму различното толкување на ова прашање  меѓу Македонија и Бугарија е причината поради која се бараат јасни гаранции.

„Протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка. Но, целосно сме свесни за политичките обиди билатералните прашања да се користат за влијание врз пристапниот процес во ЕУ. Суштината на проблемот е што Бугарија има поинакво толкување и ги третира т.н. протоколи како составен дел од Преговарачката рамка, додека нашиот став е дека станува збор за одвоени документи. Токму оваа разлика во толкувањето ја потврдува потребата од јасност, предвидливост и гаранции дека процесот на пристапување ќе се води врз основа на европските критериуми, а не на билатерални интерпретации“, појаснува Муцунски.

Бугарски медиуми  реагираа на изјавата на Муцунски, повикувајќи се на членот 5 од Преговарачката рамка, кој, според нив упатува на членот 12 од Договорот за добрососедство со Бугарија и значи дека спроведувањето на протоколите е вградено како механизам според кој ЕУ го оценува напредокот на Македонија. Спиновите дополнително  ги поттикна и Бујар Османи, поранешениот  министер за надворешни работи, потписник на спорниот Втор протокол, кој на социјалните мрежи ја сподели изјавата на Муцунски и напиша дека четири години кажувал дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. Но министерот Муцунски вели дека меѓу неговите и тезите на Османи разликата е суштинска.

Реклама

„Ние не тврдиме дека билатералните прашања не се користат за влијание врз пристапниот процес. Напротив, токму затоа бараме јасни, правно издржани и недвосмислени гаранции. Но, не смееме да прифатиме теза дека т.н. протоколи се правен дел од Преговарачката рамка, бидејќи тоа едноставно не е така. За жал, токму Бујар Османи беше оној којшто зад затворени врати, во разговорите со тогашната бугарска влада, ја застапуваше тезата дека протоколите се правно обврзувачки документи. Денес, кога ние ја браниме правната вистина и бараме јасни гаранции дека билатералните толкувања нема да станат европски критериуми, обидот тоа да се претстави како промена на позицијата е целосно неоснован“, вели Муцунски.

Муцунски додава дека постои позитивен импус за изнаоѓање на решение  кое нема да биде по цена на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура и дека разговорите со земјите членки на ЕУ, со европските институции и со Бугарија продолжуваат.