Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мурму: Демократијата не е само систем на владеење, туку заедничка вредност и уверување што ги обединува Индија и Македонија

Демократијата не е само систем на владеење, туку заедничка вредност и уверување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократијата не е само систем на владеење, туку заедничка вредност и уверување што ги обединува Индија и Македонија – истакна попладнево претседателката на Република Индија Друпади Мурму во обраќање пред пратениците во Собранието.

– Гледајќи ја денес оваа пленарна сала, се потсетувам дека вистинскиот пулс на една држава чука токму во нејзиниот Парламент. Демократијата не е само систем на владеење. Таа е заедничка вредност и уверување што ги обединува Индија и Македонија. Нашите парламенти се чувари на слободите на нашите народи, творци на нашите закони и огледало на нашата национална свест. Токму затоа парламентарната демократија е од особено значење. Контактите и соработката помеѓу нашите пратеници градат институционална доверба што опстојува и ги надминува политичките циклуси. Да им овозможиме на нашите млади пратеници да патуваат меѓу Њу Делхи и Скопје, да се среќаваат, да разменуваат искуства и најдобри практики во парламентарното работење и во креирањето на јавните политики. Нашите народи се препознаваат меѓусебно како чувари на древни култури кои и денес живеат и се развиваат – рече индиската претседателка.

Потенцира дека за неа претставува особено задоволство што во пленарната сала гледа повеќе пратенички.

Реклама

– Нејзината екселенција, претседателката на Македонија, и самата беше истакната пратеничка на ова Собрание. Дозволете ми накратко да ви раскажам за се поголемото учество на жените во демократскиот живот на Индија, особено во нашиот систем на Панчајати Рач, каде што една третина од местата се резервирани за жени. Благодарение на тоа, милион жени станаа активни учеснички во јавниот живот. Неодамна усвоивме и историски закон со кој се обезбедува една третина застапеност на жените во Долниот дом на Парламентот и во законодавните собранија на сојузните држави, потврдувајќи на нашата посветеност на уште порепрезентативни и поинклузивни демократски институции. Се среќаваме во пресуден момент од историјата на човештвото – рече таа.

Мурму нагласи дека нашата држава една важна порта што го поврзува Медитеранот со Централна Европа, како и Истокот со Западот. Потенцира дек двете држави остануваат посветени на натамошно продлобочување на нашата билатерална соработка, како и на соработката во поширокиот регион, вклучително и преку новите можности за трговија и инвестиции.

– Геополитичките и економските тежишта во светот се менуваат. Во ова нова ера Индија не ја гледа Југоисточна Европа како регион на маргините, туку како динамичен простор на раст, развој и иновации. Македонија се наоѓа на самиот крстопат на овие промени. Ниту една држава не може да напредува во изолација. Древната цивилизациска филозофија на Индија се темелина древната изрека „Васодаива кутум бакам“ што значи „Целиот свет е едно семејство“. Во време кога светот е разединет од конфликти и економски поделби, оваа филозофија не повикува да градиме мостови, а не ѕидови. Да погледнаме подалеку од хоризонтот на непосредната иднина, да ги претвориме нашите историски и културни врски во конкретни економски достигнувања. Заедно, како две демократски држави, втемелени во својата историја и водени од визија за иднината да трасираме пат што ќе донесе мир и просперитет за нашите народи – рече претседателката Мурму. 

Индиската претседателка истакна дека Парламентот на Индија ги одразува стремежите на повеќе од 1,4 милијарди граѓани и дава демократски глас на нација со исклучителна разновидност.

– Воден од нашиот Устав, Парламентот го отелотворува начелото на разновидноста на Индија, не пречка за демократијата, туку една од нејзините најголеми предности. Демократското искуство на Индија е извонредно не само по своите уставни темели, туку и по својот исклучителен обем со избирачко тело од околу 1 милијарда граѓани. Нашите општи избори претставуваат најголемиот демократски процес во историјата на човештвото. Успешното спроведување на изборите во услови на толкава географска, јазична и културна разновидност е доказ за отпорноста на демократските институции на Индија и за довербата што нашите граѓани ја имаат во изборниот процес – изјави Мурму.

Индиската претседателка утре ќе ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе присуствува на церемонијата за откривање на биста на Махатма Ганди.