Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Мицкоски: Ќе побараме јавна расправа за измените во законите за ДДВ, персоналниот данок на доход и данокот на солидарност

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара јавна расправа за измените во законите за данок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара јавна расправа за измените во законите за данок на додадена вредност, персоналниот данок на доход и данокот на солидарност. Претсдетаелот на најголемата опозициска партија кој денеска беше на средба со раководството на Стопанската комора предупреди дека овие закони во парламентот дојдоа со повторна злоупотреба на европското знаме. Можностите вели тој се ограничени, односно се лимитирани, а тоа значи дека дебатата би била на Комисијата за европски прашања лимитирана во рамките на три дена. Оваа злоупотреба според Мицкоски веќе претставува и станува пракса на оваа влада, што е многу погрешно и спротивно на тоа знаме и на тие вредности кои ги злоупотебувале.

Тој посочи дека разговарале и со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во детали за сите овие три закони, данок на ДДВ, проширувањето на опфатот во самиот предлог закон за измена на законот за ДДВ, персоналниот данок и условно кажано данок за солидарност.

-Во рамките на дискусијата што ја водевме предложивме, во понеделник на 24 јули е на дневен ред закажана Комисијата за европски прашања ќе побараме јавна расправа, бидејќи е добро јавноста да биде запознаена со аргументите од сите страни кои овие закони ги опфаќаат.

Реклама

Очекуваме дека од страна на мнозинството во парламентот ќе биде прифатена оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, да во рамките на следната недела имаме јавна расправа на која ќе можат стопанските комори, но и сите оние кои се погодени од носењето на овие закони, да дојдат и да го кажат својот став, своето мислење.

Не сме оптимисти, но се надеваме, дека ќе наиде на согласност од страна на мнозинството и тоа што ќе биде изнесено како теза на таа јавна расправа доколку се случи, тогаш министерството за финансии и владата ќе го земат предвид и ќе биде дел од нивните политики.

Во спротивно чувството на бизнисот но и нашиот став е дека компаниите кои се дисциплинирани и кои и досега ги плаќаат своите обврски и го полнат буџетот дополнително се оптоваруваат на сметка на оние компании кои не се дисциплинирани и се дел од сивата економија и не ги плаќаат своите обврски во буџетот, нагласи Мицкоски.