Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Мицкоски: Св. Кирил и Методиј му припаѓаат на цивилизираниот свет, попусти се обидите на Бугарија да ги негира нашите врски со нив

Светите браќа Кирил и Методиј се македонската светлина, нашиот прозорец кон светот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светите браќа Кирил и Методиј се македонската светлина, нашиот прозорец кон светот и непроценливо богатство на Македонија. Писменоста е најсилното оружје кое може еден народ да го има против незнаењето, а словото e светлина на народите вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Свето и денес милениумското дело на Светите браќа Кирил и Методиј кое остава неизбришлива трага врз развојот на македонскиот и останатите словенски народи, порача Мицкоски.

  • „Тоа што светите браќа успеале да го направат пред повеќе од еден милениум само покажува дека можеме и мораме и денес да се носиме рамо до рамо со останатите европски народи и заедно со нив да придонесуваме кон градење на европската иднина. Многу народи се благодарни на делото на Кирил и Методиј и влијанието кое тоа го направило во Светот, а ние мора да бидеме горди чувари на нивниот завет. Да го менуваме општеството,“ рече Мицкоски.

Беспредметна, ограничена и несуштинска е дебатата кому му припаѓаат Светите браќа Кирил и Методиј. Ирационална е политиката на источниот сосед кои сакаат силно да го затресат темелот на кој се потпира македонската држава и народ.

  • И затоа навистина е беспредметна и иако можеби на моменти емотивна, сепак многу ограничена и несуштинска дебатата чии се Светите браќа Кирил и Методиј. Притоа знаејќи го и целосно поклонувајќи се на големината на нивното просветителско дело и габаритот на нивниот милениумски завет. Тие му припаѓаат на цивилизираниот свет, и ние како нивна колевка, како и земја и народ од кој потекнува тоа семе, овие просветители целосно  се согласуваме да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление.Но воедно, дозволете да бидам подеднакво гласен и да не се согласам со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство. И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат“ – вели Мицкоски.

Без национална стратегија ја губиме и културата и архиелогијата, го губиме и јазикот, вели актерот Зоран Љутков. Потребено е враќањето на македонското национално достоинство како основа за нашето постоње дополнува Љутков.

Реклама
  • „Патриотизмот на 21 век треба да одговори на предизвиците од своето време. Да биде континуитет на поставените темели. Нематрејалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја “ рече Љутков.

Не смееме да  потклекнеме пред плановите, да се наруши единството и да се промени уставот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е пораката од свечената церемонија на ВМРО-ДПМНЕ во црквата Св.Софија во Охрид.