Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски за законот за правична застапеност: Процесот е целосно уставен

Ценам дека со ова законско решение, зад кое стојам целосно, се обезбедува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ценам дека со ова законско решение, зад кое стојам целосно, се обезбедува рамка во која ќе имаме правична застапеност.  Законот ги доби сите позитивни препораки од Венцијанската комисија и не е  доведена во прашање уставноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостување на една од националните телевизии по повод две години Влада.

-Има рок кога треба да се изработат подзаконски акти во кои ќе се дефинира механизмот на правична застапеност, има тело што тоа ќе го следи во рамки на Владата и кога сето тоа ќе се анализира, тоа е целосно уставен процес. Назјаначајно е сите да имаме политички консензус кога се носат вакви решенија и да го градиме на стабилни темели за да немаме какви било фрикции во иднина, ниту етнички, ни правни, изјави Мицкоски.

Во врска со обвинувањата дека Владата го укинала балансерот како алатка за правична застапеност на етничките заедници, тој рече дека има необјективна јавност која се обидува тоа да го политизира и радикализира заради политички поени и политичка корист.

Реклама

-Тоа не можам да го прифатам. Тоа се политички партии во опозиција кои долго беа во Владата и пред неколку години на владина седница донеле заклучок во кој велат дека употребата на балансерот како алатка е завршена, дека го надминала времето и дека треба да се напушти таквиот начин на правична застапеност, додаде претседателот на Владата.