Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски до Филипче: Граѓаните ќе веруваат дека правдата дошла, кога ќе ве видат зад решетки

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостиг на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече, го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат.

Според Филипче, Владата не исполнила ниту едно од ветувањата дадени пред доаѓањето на власт, за повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, меѓу кои и дека не успелала да го спречи иселувањето на младите.

Мицкоски му одоговри дека во однос на излеувањето перцепцијата кај граѓаните е поврзана со незадоволство од поранешни функционери.

Реклама

-Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла, рече Мицкоски.

Тој додаде дека признава вина за тоа што поминале две години, а вели, „вие уште уживате на јахтите наместо на друго место“.

-Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот, кажа Мицкоски во ордговорот до Филипче.