Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Со домаќинско работење, Владата врати стари долгови и обезбеди раст на македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со домаќинско работење, Владата врати стари долгови и обезбеди раст на македонската економија. За неполни две години вратени и репрограмирани се 4,6 милијарди долари, долг кој во дури во ¾ е направен од владеењето на СДСМ и ДУИ, вели Премиерот Христијан Мицкоски.

-Вратени се 700 милиони евра кои претходната Влада ги зема во 2020 година, вратени се пред време со што се заштедија неколку милиони евра, рече Мицкоски. 

Мицкоски вели дека покрај тоа што враќаат стари доглови, работат и на нови проекти. Според последните податоци, владата и покрај враќањето на старите долгови со засилено темпо работи и на инфраструктурните проекти кои треба да го поддржат растот на економија и да донесат бенифит на долг род.

Реклама

Кога се работи домаќински се санираат штетните последици од едно време, кое што не би сакал никогаш да се повтори, ниту кај граѓаните ниту кај државата, а ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Ако го споредите периодот СДСМ- ДУИ имаме раст на БДП од 1,8%, во овие седум квартали ВМРО ДПМНЕ која ја предводи се 3,5. Ќе требе време да се почуствува но сега се гледа насекаде она што се работи во овие две години, дополни Премиерот.

Утре во Владата се потпишува договорот со кој формално ќе почне да течат роковите за изградба на автопатот од Скопје до Блаце. За овој инфраструктурен проект носител ќе биде Гранит, со што по подолго време македонска компанија се наоѓа како главен изведувач во конзорциум. Парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а автопатот треба да биде готов во 2028 година. Ова е само продолжување на низата инфраструктурни проекти кои со засилено темпо се градат последнава година. Автопатите од Кичево до Охрид, од Прилеп – Битола, изградба на железничката линија кон Бугарија. На почетокот од следната година ќе треба да почне и со градба на брзата пруга кон Грција, откако се чека мислење од инспекцијата на проектот за изградба на пругата. Ова се само дел од капиталните инвестиции кои треба да бидат завршени или да се при крај до крајот на мандатот на оваа Влада. За реализација на сите проекти годинава на располагање во буџетот ќе се предвидат рекордни 746 милиони евра.