Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче бил  министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче бил  министер за здравство, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека  тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок . Според наводите во извештаите од извршените анализи во 2021 година  кои ги сподели Никола Мицевски, водата била загадена во повеќе населени места и јавни установи.

На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење. На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата. На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година. На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи. Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење“, појасни Мицевски.

Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени, вели Мицевски.

Реклама

„За ниту еден од овие но и многу други случаи, јавноста не е информирана, болниците биле полнети, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, а власта тоа вешто го криела“, обвини Мицевски.

За случајот е известено Министерството за внатрешни работи и документите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.